Шекеринска и Брнз ќе потпишат договор помеѓу Македонија и САД во врска со т.н. Лејхи закони

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз денес ќе потпишат договор меѓу Македонија и САД со кој се поддржува почитувањето на човековите права при дејствување на безбедносни сили.
Договорот произлегува од т.н Лејхи закони кои предвидуваат забрана за американскиот Стејт Департмент и Министерството за одбрана на САД да пружаат воена помош, поддршка, обука и тренинг на единици или поединци на безбедносни сили од други држави за кои има кредибилни обвинувања дека прекршиле човекови права, а притоа не се преземени чекори сторителот или сторителите да бидат кривично – правно гонети.
Овој познат американски инструмент наречен според неговиот предлагач сенаторот Патрих Лејхи (Patrick Leahy) практично овозможува итно стопирање на американска финансиска помош во случај да се појават кредибилни докази за прекршување на човекови права од страна на воени или полициски единици, или нивни припадници, на државата корисник на помош.
Потпишувањето на договорот Лејхи што е закажано за денеска претпладне, е уште еден израз на взаемната доверба во одбранбената соработка меѓу Македонија и САД која се одвива во рамки на стратешкото партнерство и НАТО сојузништвото, афирмирајќи ги притоа заштитата и унапредувањето на човековите права како фундаментална вредност во односите меѓу двете земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…
САД продолжија со испораката на оружје за…
Испораките на оружје од САД за Украина…