Шеста победа по ред за Нено и Милано – падна и Барселона!

t

Милано продолжи со одличната форма во Евролигата, односно ја запиша шестата победа по ред откако ја надигра Барселона со 94-81 во 15. коло од кошаркарската елита.

Барселона имаше подобар почеток на мечот и предност од 24-16 по првите 10 минути, меѓутоа Милано почна да ја топи негативата во втората четвртина, кога на паузата стигна до 40-43.

Италијанскиот тим беше фантастичен во третата четвртина, кога со неверојатна серија од 20-0 стигна до 76-60, по што домаќинот не успеа да ја врати неизвесноста до крајот на средбата.

Најефикасен беше Ледеј со 33 поени и четири скокови кај Милано, додека Пантер запиша 18 поени, шест скокови и четири асистенции за Барселона.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра 11 минути на паркетот, а притоа запиша пет поени и една асистенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…