Шести ден продолжува потрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики

На Халкидики и денеска, шести ден по ред продолжува потрагата за лоцирање на 31-годишниот Мартин Јовановски, кој морските струи го однесоа од плажата Мити, во Посеиди.
31-годишникот, кој се води за исчезнат од саботата , не е лоциран и покрај опсежните потраги во поширокото морско подрачје.
Според Voria.gr , во истрагата ќе учествуваат неколку пловни објекти на Грчката крајбрежна стража , хеликоптер, како и копнено возило и волонтери од локалното население.
Во претходните денови со подводен дрон се пребаруваше морското дно во регионот на исчезнувањето, а дронови од воздух ги пребаруваа непристапните терени. Вчера и куче трагач беше вклучено во спасувачка мисија, но немаше резултати потрагата.
Воедно, се посочува дека дипломатските власти на Македонија во Солун и Атина „остануваат во интензивен контакт со надлежните органи на Грција и семејството на исчезнатото лице и секоја информација ќе биде навремено пренесена“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на РМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција одделува 25 милијарди евра за одбрана,…
За време на специјалниот самит во Брисел…
Минималната плата во Грција од 1 април…
Од 1 април годинава, минималната плата во…
Во САД одбележан Денот на независноста на…
Воената соработка на Вашингтон со Атина е…
Грција: Дете се задушило јадејќи портокал на…
Лекарите во Грција се борат за животот…
Штрајкуваат новинарите во Грција
Новинарите во Грција, организирани од Грчката федерација…