Објавено на:

Шести ден продолжува потрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики

t

На Халкидики и денеска, шести ден по ред продолжува потрагата за лоцирање на 31-годишниот Мартин Јовановски, кој морските струи го однесоа од плажата Мити, во Посеиди.

31-годишникот, кој се води за исчезнат од саботата , не е лоциран и покрај опсежните потраги во поширокото морско подрачје.

Според Voria.gr , во истрагата ќе учествуваат неколку пловни објекти на Грчката крајбрежна стража , хеликоптер, како и копнено возило и  волонтери од локалното население.

Во претходните денови со подводен дрон се пребаруваше морското дно во регионот на исчезнувањето, а дронови од воздух ги пребаруваа непристапните терени. Вчера и куче трагач беше вклучено во спасувачка мисија, но немаше резултати потрагата.

Воедно, се посочува дека дипломатските власти на Македонија во Солун и Атина „остануваат во интензивен контакт со надлежните органи на Грција и семејството на исчезнатото лице и секоја информација ќе биде навремено пренесена“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на РМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…

Пожарникар загина за време на спасувачка акција…

При операцијата за спасување и пренесување на…