Шест куќи и две згради во Карпош добија пари за замена на покриви, се разгледуваат и другите барања за субвенции

Сопствениците на шест куќи и станарите од две згради во Карпош добија субвенции за замена на покривите. Во две згради пак, ќе се санираат старите лифтови со помош на пари обезбедени во општинската каса за таква намена. До Општината се пристигнати уште неколку барања за субвенции за покриви на згради и за замена на азбестни покриви на куќи, како и за набавка или санација на лифтови, кои се во фаза на разгледување.
Комисија од Општина Карпош, задолжена за спроведување на постапката за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на покриви на станбени згради и замена на азбестни покриви на куќи, деновиве се состана и ги разгледуваше пристигнатите предмети од граѓаните кои аплицирале за добивање на субвенции за оваа намена. Од Карпош информираат дека членовите на комисијата ги разгледале и барањата пристигнати за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во станбените згради.
Откако беше утврдено дека документацијата на граѓаните кои аплицирале за субвенции е уредна и целосна, Општина Карпош им исплати парични средства на карпошани во висина од 1.326.199 денари, за промена на азбестните покриви на шест индивидуални куќи, како и кровни покривачи на две станбени згради. Според динамиката на работење на комисијата, во постапка на разгледување се уште осум предмети на потенцијалните корисници на субвенции, за кои се предвидени 1.291.214 денари – соопштија од Општината.
Оттаму посочуваат дека по поднесување на финансискиот извештај за субвенции на лифтови од страна на надлежната комисија, Општината ќе им исплати на граѓаните кои аплицирале на овој јавен повик, парични средства во висина од 477.605 денари за санација на два лифта во две згради кои се наоѓаат на улиците „Јуриј Гагарин“ и „Вич“.
Комисијата е во постапка на разгледување на уште девет предмети кои се однесуваат на санација на седум постоечки лифтови, како и набавка на два нови лифта, за што локалната самоуправа предвидува парични средства во висина од 3.175.908 денари – соопштија од Карпош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пензионер од Карпош им се заканувал со…
74-годишен жител на скопската општина Карпош вчера…
Ограбена е обложувалница во Карпош, разбојникот го…
Непознат разбојник вчера попладне ограбил обложувалница во…
Oпштина Карпош: Управниот суд го поништи претходното…
Поради повеќемесечни непринципиелни притисоци кои беа упатени…
Косовец фатен како краде од куќа во…
На 24.12.2024 во 11.40 часот во Скопје,…
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во…
Полициски службеници од СВР Скопје вчера го…