Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје

t

По пожар во стан, шест лица и едно дете поради зашеметеност од чад и болки во градите вчера биле пренесени на Универзитетска клиника за токсикологија.

Како што се наведува во денешниот МВР-билтен, вчера во 16:30 часот по пријава за пожар во стан на булевар „Кочо Рацин“ бр. 75, на втор кат, во Скопје, полициски службеници од ПСОН-Центар на местото констатирале дека од засега непознати причини настанал пожар во станот.

Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје го изгаснала пожарот во 17:00 часот, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР-Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест лица и едно дете пренесени на…

По пожар во стан, шест лица и…

Во Хрватск е потврден случај на антракс

Во хрватската општина Врлика е потврден случај…

ЦУК: Пожарот во Желино е ставен под…

Благодарение на брзиот и координиран ангажман на…

(Видео) Родителите до политичарите: Ќе горите во пеколот!

Жестока реакција на родителите од Кочани на…

(Видео) Пендаровски за Лајм ТВ – Нема…

Екс-председателот Стево Пендаровски во интервју за Лајм…