Во Хрватск е потврден случај на антракс
Во хрватската општина Врлика е потврден случај на антракс, а надлежните институции спроведуваат мерки кои опфаќаат задолжителна вакцинација на добитокот, а луѓето кои биле во контакт со него ќе примат антибиотик, соопштено e на вонредна прес-конференција во Загреб.
Месото од животните од фармите каде е заразен добиток не смее да се консумира, пренесуваат хрватските медиуми.
Хрватскиот министер за земјоделство Давид Влајчиќ истакна дека досега се тестирани 13 примероци, а првиот позитивен резултат за антракс пристигнал вчера. Три примероци сè уште се обработуваат.
– Сите мора да останеме смирени. Ситуацијата е кризна, многу служби се вклучени во процесот. Притисокот врз системот е исклучително висок, покажувањето со прст кон некого нема да помогне. Не можеме со сигурност да тврдиме дека сите говеда умреле поради aнтракс, па затоа ќе продолжиме со токсиколошкото испитување паралелно со вакцинацијата, рече Влајчиќ.
Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак истакна дека веднаш по добивањето на информациите за потврдениот случај на антракс реагирала епидемиолошката служба.
Антраксот е болест која е вообичаена кај животните и луѓето. Оваа болест не е многу заразна и се пренесува преку директен контакт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…