Шест пожари се активни, гори и Дрисла
На ден 10.09.2025 година, до 20:00 часот, на територијата на Р.С. Македонија има вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои:
• активни се 6 пожари,
• под контрола се 2 пожари,
• изгаснати се 16 пожари.
АКТИВНИ: 6
1. Општина Липково: с. Никуштак и Општина Гази Баба: с. Булачани (нискостеблеста деградирана шума и дабова шума)
2. Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре)
3. Општина Струга 1: с. Татеши, с. Богојца, с. Маслодежда (борова шума)
4. Општина Струга 2: населба Елен Камен (ниска вегетација)
5. Општина Куманово: с. Љубодраг (ниска вегетација)
6. Општина Крушево 1: с. Норово (ниска вегетација и дел дабова шума)
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Делчево: Депонија Делчево (ѓубриште тлее и чади)
2. Општина Крушево 2: Градска депонија (ѓубриште)
ИЗГАСНАТИ: 16
1. Општина Прилеп 1: ул. Васко Карангелески (ниска вегетација)
2. Општина Прилеп 2: Во близина на продавница Стибера (ниска вегетација)
3. Општина Прилеп 3: с. Ерековци (ниска вегетација и стрниште)
4. Општина Прилеп 4: кај Нови Гробишта (ниска вегетација)
5. Општина Прилеп 5: с. Ореовец (ниска вегетација и ѓубре)
6. Општина Куманово: Искрив мост (ниска вегетација)
7. Општина Гостивар: с. Дебреште (ниска вегетација)
8. Општина Берово: Дрџински рид, м.в. Стојковото, с. Русиново (дабова, букова шума и папрат)
9. Општина Чешиново-Облешево: помеѓу с. Облешево и с. Теранци (стрниште)
10. Општина Струмица: с. Куклиш (депонија)
11. Општина Охрид: с. Црвена Вода (ниска вегетација)
12. Општина Струга: с. Ложани (ниска вегетација)
13. Општина Кичево: помеѓу с. Бучинци и с. Мамудовци (отпад и стари гуми)
14. Општина Илинден: населба Јака (ниска вегетација)
15. Општина Бутел: ул. Бутелска (ниска вегетација)
16. Општина Гази Баба: Вардариште (депонија)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шест пожари се активни, гори и Дрисла
На ден 10.09.2025 година, до 20:00 часот,…
Мицкоски за пожарите во Дрисла и Вардариште:…
Христијан Мицкоски денеска рече дека воздухот кој…
Мицкоски: Загадувањето од Вардариште е само визуелно,…
Депонијата Вардариште, со денови ги труе скопјани.…
Забрана за движење во Вардариште – Главниот…
Пожарот во депонијата „Дрисла“ ќе се обидат…
Шукова уште еднаш го повика Ѓорѓиевски на…
По Вардариште, пожарот на Дрисла ги докрајчи…