Објавено на:

Шефовите на ЕУ и НАТО ќе учествуваат на утрешната средба во Париз на „Коалицијата на подготвените“

t

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ќе учествуваат на утрешната средба во Париз на т.н. „Коалиција на подготвените“, посветена на Украина, соопштија прес-службите на трите институции.

Од НАТО појаснија дека средбата ќе биде копретседавана од францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, а по завршувањето на разговорите не се предвидени изјави за медиумите.

Во соопштението на Европскиот совет е цитиран Кошта, кој оценува дека единствениот начин Русија да биде привлечена кон мировни преговори е преку зајакнување на украинската страна.

На крајот од декември, Макрон изјави дека разговорите во Париз ќе се фокусираат на безбедносните гаранции за Украина. Според него, учесниците во коалицијата утре треба да го прецизираат својот конкретен придонес кон тие гаранции.

Во „Коалицијата на подготвените“ учествуваат 35 држави, како и НАТО и Европската комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефовите на ЕУ и НАТО ќе учествуваат…

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, претседателката…

Медведев: После Мадуро, може да бидат уапсени…

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј…

Македонски автобус излетал од автопат во Србија

Српските медиуми јавуваат дека автобус со македонски…

Набљудувачки американски воен авион кружи крај брегот…

Авионот „Посејдон“ на американската морнарица П-8 беше…

Во Брекенриџ, Колорадо се вее нашето знаме…

Македонско знаме се вее на зградата на…