Шефовите на ЕУ и НАТО ќе учествуваат на утрешната средба во Париз на „Коалицијата на подготвените“
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ќе учествуваат на утрешната средба во Париз на т.н. „Коалиција на подготвените“, посветена на Украина, соопштија прес-службите на трите институции.
Од НАТО појаснија дека средбата ќе биде копретседавана од францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, а по завршувањето на разговорите не се предвидени изјави за медиумите.
Во соопштението на Европскиот совет е цитиран Кошта, кој оценува дека единствениот начин Русија да биде привлечена кон мировни преговори е преку зајакнување на украинската страна.
На крајот од декември, Макрон изјави дека разговорите во Париз ќе се фокусираат на безбедносните гаранции за Украина. Според него, учесниците во коалицијата утре треба да го прецизираат својот конкретен придонес кон тие гаранции.
Во „Коалицијата на подготвените“ учествуваат 35 држави, како и НАТО и Европската комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Холандија се откажува од Евровизија
Холандија нема да учествува на Евровизија следната…
Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…
Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…
Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…
Вечерва се активни седум пожари, денес на…
Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…
Два сребрени и еден бронзен медал за…
Борачите ги донесоа првите (три медали) за…