Шефот на БНД: Никој не знае кој го саботирал „Северен тек“
Ниту една разузнавачка агенција во моментов не може со сигурност да ги именува одговорните за саботажата на рускиот гасовод „Северен тек“, изјави вчера претседателот на германската Федерална разузнавачка служба (БНД) Бруно Кал, пренесува ТАСС.
„Ниту една земја, ниту една разузнавачка агенција во светот во моментов не може да ја припише некому конкретно саботажата на Северн тек. Можеби ова ќе се промени, има забележителен напредок во истрагата“, рече тој.
Кал потсети дека местото на саботажата е морско дно, што ја отежнува работата на истражителите. Според него, истрагата се води „во различни насоки“.
„Не исклучувам дека ќе има успех напредок ќе ја направи една од опциите поверојатна, а другите помалку веројатни“, додаде шефот на германското разузнавање.
На 21 мај, германскиот весник „Зидојче цајтунг“ објави дека најмалку двајца Украинци се вмешани во експлозиите на гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“.
Во истражувањето кое, меѓу другите, заеднички го спровеле „Зидејче цајтунг“, германската медиумска групација НДР, шведскиот весник „Експресен“, полскиот онлајн магазин „Фронтстори.пл“ и данскиот дневен весник „Берлингске“, откриена е лажната туристичка агенција „Ферија Лвова“ со седиште во Варшава, која минатата есен го регистрирала бродот „Андромеда“.
Германското Федерално јавно обвинителство во понеделникот не ги коментираше овие информации. Агенцијата соопшти дека истрагата работи на сите докази за утврдување на фактите, но во моментов е невозможно да се обезбедат дополнителни податоци.
Германскиот државен секретар Штефен Хебестрајт, од друга страна, коментирајќи ги информациите во „Зидојче цајтунг“, рече дека германската влада нема намера да шпекулира за сторителите на саботажата на „Северен тек“.
На 27 септември 2022 година, „Норд стрим АГ“ пријави оштетувања без преседан на три траси од подводниот дел на гасоводот „Северен тек“. Подоцна, шведските сеизмолози соопштија дека регистрирале две експлозии на трасата на цевководот на 26 септември 2022 година.
По инцидентот, Руското државно обвинителство отвори случај под обвинение за меѓународен тероризам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…