Шефот на кабинет на косовската претседателка Вјоса Османи бара санкции за Александар Вучиќ
Шефот на кабинетот на претседателката на Косово Вјоса Османи, Блерим Веља, бара санкции за српскиот претседател Александар Вучиќ поради неговата неодамнешна изјава дека ќе спроведе дел од договорот, а дел нема.
Веља на Твитер сподели видео од гостувањето на Вучиќ на РТС кога тој зборува за спроведувањето на европскиот договор за Косово.
„Вучиќ на РТС за спроведувањето на договорот со Косово: Некои делови (од договорот) ќе ги спроведеме, а некои не. Јасно кажав што нема да спроведам. Јасна контрадикторност со договорениот став на ЕУ. Треба да следат санкции“, напиша Веља на Твитер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…
Мисијата на Европската унија за владеење на…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…