Шефот на Пентагон: Спремни сме да испратиме илјадници војници во Украина
САД се подготвени да испратат уште илјадници војници во источното крило на НАТО доколку е потребно, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин за време на неговата посета на Литванија.
„Многу сериозно ги сфаќаме нашите обврски кон сојузниците во НАТО, нашата обврска да го почитуваме членот 5 од договорот за НАТО е исто така цврста како челик. „Испративме дополнителни американски сили во источното крило на НАТО и подготвени сме да испратиме уште илјадници војници доколку е потребно за да реагираме на ситуацијата“, рече Остин.
Тој, исто така, и се заблагодари на Литванија за „топлиот добредојде“ на стотици дополнителни војници на НАТО кои веќе пристигнаа во земјата.
Претходно Остин изјави дека плановите на Русија за „инвазија“ на Украина не се блеф, јави телевизијата ABC.
„Не верувам дека тоа е блеф… Мислам дека тие распоредија се што е потребно за успешна инвазија“, рече Остин.
Како што истакна, „Русија има неколку опции на располагање и може да нападне во најкус можен рок“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данска го зголемува буџетот за одбрана на…
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…