Објавено на:

Шефот на руската Дума ѝ се закани на Германија: Ако дојде до конфликт, ќе бидеме подготвени

t

„Сегашната германска владејачка елита создава услови за влошување на ситуацијата и започнување конфликт меѓу нашите земји“, рече Володин во порака до лидерите на најголемите германски парламентарни партии.

„Прашањето е дали и германскиот народ сака таков конфликт. Ние не го сакаме. Но, ако дојде до него, ќе бидеме подготвени“, рече Володин, зборувајќи за сè посилната поддршка на Берлин за Киев. Шефот на рускиот парламент предупреди дека германската влада планира да воспостави производство на ракети во Украина, „што значи дека Германија е сè повеќе вовлечена во воени дејствија против Русија“.

„Разбирате каде може да доведе ова“, продолжи Володин, осврнувајќи се на Втората светска војна. Рускиот политичар беше поттикнат на оваа порака од изјавата на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој му се заблагодари на Вашингтон за ослободувањето од нацизмот за време на посетата на Соединетите Американски Држави.

Володин го прекорува новиот германски канцелар што не го споменал придонесот на Советскиот Сојуз во тоа ослободување. „Советскиот Сојуз го победи фашизмот и го ослободи светот од кафеавата чума“, рече лидерот на Думата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Први ефекти од војната меѓу Израел и…

Се уште е неизвесно дали воениот конфликт…

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…