Шефот на украинското разузнавање: Ќе продолжиме со нападите на руска територија, покрај предупредувањата за употреба на нуклеарки
Украина не планира да ги запре нападите на руска територија и покрај загриженоста на западните партнери на Украина за можен руски одговор, изјави шефот на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана, Кирил Буданов.
Тој во интервју за „Фајненшл тајмс“ рече дека таквата храбра тактика на напади со украински беспилотни летала предизвикува загриженост кај некои од партнерите на Украина, кои предупредуваат дека може да предизвика поостар одговор од рускиот претседател Владимир Путин, можеби дури и со употреба на нуклеарно оружје.
Буданов вели дека Украина ќе продолжи да работи во „длабочините“ на Русија за да ја „саботира воената машина на Путин“, пренесува агенцијата „Униан“.
„Не предвидуваме никакви суштински промени во блиска иднина. Се што направивме, ќе правиме во иднина“, рече Буданов и оцени дека оваа година ќе биде тешка за Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…