Шилегов: Ја нема таа цена која СДСМ може да ја прифати за Груевски да биде наш коалиционен партнер!
Не постои политичка или било каква цена која Социјалдемократскиот сојуз би ја платиле за Никола Груевски да биде коалиционен партнер на СДСМ, истакна во денешното гостување во Само интервју поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.
– Ја нема таа политичка цена која СДСМ може да ја прифати за да на било кој начин Никола Груевски биде наш коалиционен партнер, вели Шилегов.
Според Шилегов расколот во ВМРО-ДПМНЕ е можеби е обид на Мицкоски да излезе чист од процесот на гласање на уставните измени, кои ќе ги поддржи.
Шилегов вели дека ВМРО-ДПМНЕ води дневна, наместо стратешка политика.
– Ако се договориме околу стратешките прашања, што јас мислам дека е коректно да се договориме, тогаш треба сите да го прифатат политичкиот ризик, вели Шилегов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…