Објавено на:

ШИШ предупредува: Албанските затвори се расадник на терористи

t

Албанската државна разузнавачка служба ШИШ во извештајот за 2021 година алармира дека осуденици за тероризам продолжуваат со нивните радикални активности во затворскиот систем во Албанија, јави дописничката на МИА од Тирана.

ШИШ во извештајот изнесува проценка дека постои опасност овие радикални лица да се закана за безбедноста по издржувањето на затворската казна. Исто така, предупредува дека хибридните активности на незападните актери забележале раст во регионот, но и во Албанија, пренесуваат албанските медиуми.

„Терористичките организации ИСИС и Ал-Каеда и другите екстремистички групи остануваат закана за меѓународната и регионалната безбедност”, констатира ШИШ.

Се додава дека овие групи за да споделуваат радикални пораки и за регрутација користат онлајн технологија за комуникација.

„Терористичките групи се проширија на многу платформи за комуникација за дополнително да ја децентрализираат нивната пропаганда и ширењето на нивната реторика и идеологија. Поврзаноста на радикалните елементи со странските терористички борци (ЛХТ) или терористички организации се мотивирачки фактор на потенцијална терористичка активност“, стои во извештајот.

Исто така, се додава дека граѓани од регионот, кои веќе се дел од балканската дијаспора во европските земји, се идентификувани и притворени поради терористичка активност или како пропагандисти и поддржувачи на идеологијата на терористичките организации.

Во изминатите години Албанија уапси и осуди повеќе радикални имами (оџи) и верници во џамии во земјата, вмешани во регрутирање и испраќање борци во Сирија. Дел од нив, меѓу кои и Генц Бала, сѐ уште се во затвор и во системот на изолација 41 бис.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…

Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!

По налог на Специјалното обвинителство против организиран…

Албанија и САД слават 102-годишнина од воспоставување…

Албанија и САД ја слават 102-годишнината од…