Објавено на:

Шокантна изјава од поранешен судија: Хаг планира киднапирање на Путин за да му се суди за воени злосторства?

t

Поранешниот судија на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Волфганг Шомбург, е убеден дека рускиот претседател Владимир Путин би можело да биде киднапиран за да му се суди за наводни воени злосторства во Украина.

Шомбург вели дека воените злосторства извршени од руските трупи ќе бидат кривично гонети и изразува надеж дека апсењето на Путин ќе биде можно со издавање тајни налози и дека делата што може да се судат пред Меѓународниот суд на правдата вклучуваат воени злосторства на руската армија.

Тоа се злосторства против човештвото, а тоа вклучува убиства и силувања, како и геноцид, односно масовни убиства на делови или на целото цивилно население – објаснува Шомбург.

Тој додава дека во моментов не треба да се очекува дека војниците ќе бидат доведени во правдата поединечно.

Шомбург вели дека се надева оти ќе му се суди и на Путин.

Тој не би бил првиот лидер на државата што треба да одговара – вели германскиот адвокат.

Шомбург додава дека државите ќе издаваат тајни налози за апсење, кои ќе можат да се применат за време на идните патувања на Путин во странство, бидејќи не верува оти Путин ќе може да биде уапсен во Москва.

Имавме успешни апсења од други земји – заклучува Шомбург

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни…

Двајца руски војници се приведени под сомнение…

Косово ќе ја тужи Србија за злосторства…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…