Шокантно тврдење на српски аналитичари: Странски служби се одговрни за конфликтот во Косово, нè туркаат во војна!

t

Српските телевиии будно ја следат ситуацијата во Косово која ексалираше откако коосвски полицаец беше убиен во Бањско.

Политичкиот аналитичар Бранко Радун и аналитичарот Марко Шќепановиќ за Информер велат дека странски служби стоеле зад планирањето на ваквиот немил настан.
Политичкиот аналитичар Бранко Радун посочува дека ваквата состојба не требало да се случи, туку дека српскиот народ бил револтиран од теророт и притисокот од косовскиот премиер Албин Курти.

– Пред овој немил настан во Бањско, Курти со месеци се водеше кампања на насилство врз Србите од Косово и Метохија и затоа ескалираше. Оваа ситуација не требаше да се случи, но нашиот народ беше револтиран од теророт и притисоците на привремените приштински институции на чело со Албин Курти – рече Радун.

Радун изјави и дека со години наметнуваат војна и конфликти, па не е исклучен и поголем конфликт меѓу Србите и Албанците, а за ескалацијата на конфликтот многу се одговорни странските служби.

– Ни наметнуваат војна и конфликти со години, така што не е исклучен поголем конфликт во иднина меѓу Србите и Албанците, а одговорни за ескалација на конфликтот се и странските служби со мешање и планирање на конфликтот – рече Радун.

Аналитичарот Марко Шќепановиќ тврди дека ова е планиран монструозен напад врз Србите и дека му е жал за полицаецот од Шиптар, но дека за се е виновен терористот Албин Курти.

– Во Бањско се случи монструозно злосторство, а потоа вооружените лица убија тројца Срби и се радуваа кога застреланите Срби загинаа. Ова е оркестриран и планиран напад врз Србите, за предизвикување конфликти. Жал ми е за шиптарскиот полицаец, но за сето тоа виновен е шиптарскиот терорист Албин Курти – тврдеше Шќепановиќ.

Нашиот соговорник додава дека претседателот Александар Вучиќ ќе направи се за да го заштити својот народ, а спречувањето на конфликтот не било возможно, бидејќи странските служби веќе биле длабоко вклучени во планирањето напади и теророт врз Србите.

– Земјата Србија ќе најде начин да се справи со ескалацијата на Косово, а претседателот Александар Вучиќ ќе направи се што е можно за да го заштити својот народ. Не можевме да го спречиме овој конфликт, бидејќи странските служби веќе беа длабоко вклучени во планирањето напади и тероризмот врз Србите – заклучи Шќепановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУЛЕКС: Ја следиме безбедносната ситуација во Косово

Мисијата ЕУЛЕКС, во согласност со својот мандат,…

Спектакуларен дочек на српските олимпијци во Белград

Српските спортисти кои се вратија со медали…

Вучиќ на средба со српските олимпијци: Се…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва ги…

Албанците на Косово го погребаа Фатон Хајризи…

Албанецот од Косово Фатон Хајризи кој уби…

(Видео) „Македонско девојче“ ечеше на прославата на…

„Македонско девојче“ беше една од песните со…