Објавено на:

Шолц: Имаме голема почит за македонскиот идентитет, јазик и историја

t

Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на државите од Западен Балкан, а за Македонија, тоа важи посебно. Имаме голем почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што ги вложивте со реформи кон ЕУ, рече германскиот канцелар Олаф Шолц на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Шолц порача дека предвидените уставни измени на македонскиот Устав се од централно значење и од нив зависат многу нешта.

-Знам дека тоа не е едноставен чекор, но потребен за да се ослободи патот за пристапниот процес во ЕУ. Оттука сакам да ја охрабрам Македонија да продолжи по патот на реформите со своите заложби. Реформите не се апстрактни барања и се важни за граѓаните со позитивни влијанија, кажа канцеларот.

Шолц истакна дека нашата земја презема голема одговорност како во НАТО, така и во ОБСЕ во поглед на војната во Украина.

Ковачевски заедно со владина делегација е во дводневна посета на Германија. Главниот фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и соработка меѓу Македонија и Сојузна Република Германија, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…

Не постои запис кој ќе потврди како…

(Видео) Жежов: ВМРО во некои периоди има…

ВМРО особено во периодот 1912-13 година и…

(Видео) Терористичките акции на ВМРО никогаш не…

Во својот Устав, посебно во правилниците стои…

(Видео) Нема пишан доказ кој го разјаснува…

Тешко е да се утврди дали има…

Владеачката коалиција во Германија со историски низок…

Владеачката коалиција во Германија со историски низок…