Шолц: Напорно работиме да го решиме спорот меѓу Белград и Приштина
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Берлин укажа на потребата да не се отстапува од процесот на натамошно приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ и посочи дека тоа подразбира и решавање на различни спорови, вклучително и меѓу Белград и Приштина.
„Ние работиме напорно за да ја решиме навистина тешката ситуација меѓу Косово и Србија. Јас сум секогаш на страната на процесот на проширување“, рече Шолц на прес-конференцијата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, додавајќи дека се надева оти ќе биде постигнат напредок во спорот меѓу Македонија и Бугарија.
Тој потсети дека на земјите од Западен Балкан им било ветено членство во ЕУ пред 20 години на самитот во Солун во 2003 година.
„Тука сме единствени“, рече Шолц.
Тој посочи дека во изминатиот период разговарал со претставници на различни земји за да се увери дека билатерализацијата не доведе до отстапување од тој процес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…