Шолц: Напорно работиме да го решиме спорот меѓу Белград и Приштина
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Берлин укажа на потребата да не се отстапува од процесот на натамошно приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ и посочи дека тоа подразбира и решавање на различни спорови, вклучително и меѓу Белград и Приштина.
„Ние работиме напорно за да ја решиме навистина тешката ситуација меѓу Косово и Србија. Јас сум секогаш на страната на процесот на проширување“, рече Шолц на прес-конференцијата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, додавајќи дека се надева оти ќе биде постигнат напредок во спорот меѓу Македонија и Бугарија.
Тој потсети дека на земјите од Западен Балкан им било ветено членство во ЕУ пред 20 години на самитот во Солун во 2003 година.
„Тука сме единствени“, рече Шолц.
Тој посочи дека во изминатиот период разговарал со претставници на различни земји за да се увери дека билатерализацијата не доведе до отстапување од тој процес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…