Објавено на:

Шолц: Не сакаме конфликтот во Украина да прерасне во војна меѓу Русија и НАТО

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Берлин му дава значителна помош на Киев, но дека не сака конфликтот во Украина да се претвори во војна меѓу НАТО и Русија.


За време на „денот на отворени врати“, кога канцеларката одговара на прашањата на обичните граѓани, Шолц рече дека Германија е должна да и помогне на Украина и дека тоа активно го прави бидејќи е втор донатор на помош за Киев, по САД.
Сепак, според неговите зборови, Берлин се обидува внимателно да ја разгледа секоја одлука за воена помош за Киев и да разговара за секој потег со своите сојузници.
„Не сакаме руско-украинската војна, која ја започна Русија, да се претвори во војна Русија-НАТО“, рече Шолц.


Во петокот, шефицата на Одборот за одбрана на германскиот Бундестаг, Мари Агнес Штрак Цимерман, се заложи за што поскоро испорака на крстосувачки ракети Таурус во Украина. Тие проектили се контроверзни поради нивниот дострел од 500 километри. Досега Германија во принцип не го снабдувала Киев со оружје со такви карактеристики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…