Шојгу: Украинските ресурси се речиси исцрпени
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека воените ресурси на Украина се речиси исцрпени, бидејќи Киев од јуни води исцрпувачка контраофанзива за да ги врати териториите окупирани од Москва.
Шојгу уверува дека Киев не постигнува никакви резултати и покрај целосната поддршка од Западот. Тој тврди дека воената кампања во Украина, како што ја нарекува војната иницирана од Москва, започната пред речиси година и пол, се покажала како сериозен тест за руската армија, но и дека Русија успеала значително да го зголеми своето производство на оклопни возила.
Што се однесува до западното оружје доставено во Киев, Шојгу рече дека тоа не е ништо посебно за руските војници.
„Подготвени сме да ги споделиме нашите оценки за слабите точки на западната опрема“,
изјави денеска рускиот министер пред собранието на меѓународните воени претставници.
Тој, исто така, им се заблагодари на руските војници, за кои рече дека се борат на бојното поле против неонацистите, повторувајќи ја реториката на Кремљ дека офанзивата во Украина има за цел да го собори неонацистичкиот режим.
На Московската меѓународна безбедносна конференција, организирана од руската војска и одржана во близина на главниот град, официјално има повеќе од 800 гости од 76 земји, но не и од западните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…