Објавено на:

Шпанија ги призна косовските пасоши: Ова на ниту еден начин не значи признавање на Косово

t

Министерството за надворешни работи на Шпанија соопшти дека признавањето на пасошите што ги издава Приштина не подразбира и признавање на Косово.

„Сите земји од Шенген зоната прифатија да користат важечки косовски пасоши. Ова на ниту еден начин не значи признавање на Косово. Без оваа промена, имателите на овие пасоши би имале проблеми легално да ги посетат земјите што не ги признаваат“,

се вели во реакцијата на шпанското МНР.
Шпанија е меѓу петте земји членки на ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово, покрај Грција, Кипар, Словачка и Романија. Сепак, сите овие земји ги признаваат патните исправи издадени од властите во Косово.

Одлуката на Шпанија да го признае пасошот ја поздравија министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала и вицепремиерот Бесник Бислими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција…

Колку пари може да се заштедат ако…

Тајфун ќе ја погоди Кина: Властите преземаат…

Тајфунот Делфин се очекува да го погоди…

(Видео) Мицкоски објави видео по повод 35…

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео по повод…

Гужви на границите: На Богородица и Табановце…

Зголемена фреквенција на возила е забележана на…

Активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива…

Вкупно девет пожари на отворен простор се…