Шпанија нема да ја поддржи кандидатурата на Косово за членство во ЕУ: Не ја признаваме таа територија
Шпанскиот државен секретар за Европската унија, Паскал Наваро денеска изјави дека владата на таа земја нема да ја поддржи кандидатурата на Косово за членство во ЕУ, бидејќи не ја признава независноста на таа територија и затоа ќе гласа против секоја процедурална одлука и доделување кандидатски статус.
„Шпанија не ја признава независноста на Косово, затоа ќе гласа против каква било процедурална одлука и против доделување кандидатски статус на Косово“, изјави Наваро пред комисијата на ЕУ во Сенатот, пренесува порталот „нотимерика“.
Како што рече, треба да следи мислењето на Европската комисија, а потоа да се расправа во Советот за општи работи и конечно да се одлучи во Европскиот совет. „Владата нема да ја поддржи кандидатурата во сегашните околности и таа позиција не е променета“, рече Наваро, пренесе Танјуг.
Шпанија е една од петте земји на ЕУ, заедно со Грција, Кипар, Романија и Словачка, кои не ја признаваат независноста на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…
Шпанија ја скратува работната недела!
Шпанската Влада и двата најсилни синдикати во…