Шпанија под црвен аларм поради топлотен бран
Делови од Шпанија се зафатени од топлотен бран со рекордни температури за месец мај.
Шпанската национална метеоролошка агенција „АЕМЕТ“ издаде предупредувања за високи температури во 17 региони, а во градот Хаен во Андалузија се измерени 40,3 степени Целзиусови.
Медиумите извесуваат дека луѓето на југот на Шпанија бараат најразлични начини за да се разладат, дури и со капење во градски фонтани.
Регистрираната температура од 40,3 степени е за 16 степени повисока од просечната за овој период од годината. Во останатиот дел од земјата се измерени температури за најмалку седум степени повисоки од просекот.
Од „АЕМЕТ“ со предупредување дека топлотниот бран може да биде еден од најинтензивните во последните 20 години. Во многу места низ Шпанија температурата во раните утрински часови не се спушти под 25 степени.
Со топлотни бранови се соочуваат и други места низ светот, меѓу кои Индија и Пакистан, како и делови од САД, пред се сојузната држава Тексас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија прогласи вонредна состојба по прекинот на…
Шпанското Министерство за внатрешни работи денеска прогласи…
Жена во Шпанија ја продала новородената ќерка…
Шпанската полиција уапси 37-годишна жена која ја…
Шпанија нуди решение за проблемите на ЕУ…
Еден од лостовите што му помогна на…
МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во следните 24 часа ќе…
Територијата на нашата Република Македонија во следните…
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со…