Штипските пекари нема да ја намалат цената на лебот до Нова година!
Штипските пекарници нема да ја намалaт цената на лебот до Нова година. Производителите на леб и бели пецива велат дека се додека не се намали цената на струјата и на суровините, нема да ја намалат цената на нивниот производ.
Според Николче Малинов, сопственик на штипска пекарница, во моментов се трошат последните залихи за производство на леб.
Намалување ќе има секако, доколку ни се намалат струјата, нафтата и брашното. Ние сѐ уште немаме намалување, а имаме залихи на брашно. Од први декември ќе видеме колкава ќе биде цената на брашното, на струјата, на нафтата и ќе има два до три денари намалување. По наши пресметки не би требало да има до Нова година, секако по Нова година ако нема ново поскапување на струјата, ќе нема намалување ни на лебот, оти ние очекуваме да се намали цената на струјата, вели Малинов.
Владата на последната седница најави поевтина струја за компаниите, а со тоа и стабилизирање на цените на храната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбојник нападнал и ограбил девојче во Штип
Во случај забележан во ист ден и…
Ќе ја казни ли некој Општина Штип…
Советникот во Советот на Општина Штип од…
(Видео) Ако не може општината, може Левица:…
Членовите на локалниот огранок на Левица во…
Жена ограбила книжарница во Штип
На 30.05.2025 година во 17.50 часот во…
Приведен возач во Штип: Пијан удрил во…
На 30.05.2025 година во 19.39 часот на…