Штипјанец бегаќи со украден автомобил удрил во надгробна плоча !!

t

Средовечен штипјанец е уапсен во Куманово, откако обил продавница во градот, украл пари и клучеви од автомобил, побегнал со него и потоа удрил во надгробна плоча на кумановските гробишта, соопшти МВР.

На 21.02.2023 во 09.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект на улица „Иво Лола Рибар” вo градот и одзел пари и клучеви од патничко возило „Пежо“, сопственост на Б.С., по што го одзел и возилото, со кое удрил во надгробна плоча на Градските гробишта во Куманово“, пишува во полицискиот билтен.

С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, најави МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Планината се помести за овој пат

Од денеска се пушта за сообраќај експресниот…

Африка повторно доаѓа во Македонија и регионот,…

Територијата на нашата Република Македонија, како и…

Арсовска: Кога ги локализиравме пожарите во Визбегово,…

Вчера подметнати пожари на два локации во…

Мицкоски: Парите се во асфалт, не во…

Денес го пуштаме во употреба експресниот пат…

Просечната нето плата во Црна Гора надмина…

Просечната нето плата во Црна Гора во…