Штипјани во суд им се заканувале на полицајци
Двајца жители на Штип добија кривична пријава за загрозување на сигурноста, откако во суд во градот им се заканувале на тројца полицајци, соопшти МВР.
„СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.Д.(58) и Н.Р.(37), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 11.11.2024 во просториите на Основен суд Штип, првопријавениот упатил закани кон полициски службеник од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје во СВР Штип, а подоцна во дворот на судот, пријавените упатиле закани кон двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбојник нападнал и ограбил девојче во Штип
Во случај забележан во ист ден и…
Ќе ја казни ли некој Општина Штип…
Советникот во Советот на Општина Штип од…
(Видео) Ако не може општината, може Левица:…
Членовите на локалниот огранок на Левица во…
Жена ограбила книжарница во Штип
На 30.05.2025 година во 17.50 часот во…
Приведен возач во Штип: Пијан удрил во…
На 30.05.2025 година во 19.39 часот на…