Објавено на:

Штипјани да не излегуваат од дома – ако мора, да носат маски, градот се гуши во чад

t

Штипјани да не излегуваат од дома, а ако мора, да носат маски. Кризниот штаб на Општина Штип кој заседаваше вечерва, донесе мерки поради разгорувањето на пожарот над селата Селце, Драгоево и Пиперово кој се доближи на неколку километри до нив.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вечерва истакна дека меѓу одлуките кои се донесени е и да се побара помош од пожарникарите од другите градови во земјава за справување со големата стихија на планината Серта во штипскиот регион. Забележува дека ситуацијата со пожарите е сериозна и опасна за неколку села на планината Серта.

– Армијата на Република Македонија да се исконтактира и да даде човечки ресурси и опрема со којашто ќе се делува во текот на утрешниот ден. Центарот за управување со кризи да сподели информација за потенцијалните жаришта кои треба да бидат управувани во текот на утрешниот ден. Потребна е вклучување на целата механизација на јавните претпријатија, Општина Штип, како и сите градежени компании на територија на Општина Штип заради полесно справување со пожарите, коишто се на територија на Општина Штип за создавање на заштитни обрачи од земјени наноси – вели Јорданов.

Меѓу одлуките на вечерашниот Кризен штаб се и вклучување на Ловното Здружение, оф роуд друштвата, месното население кое е засегнато, заради логистичка поддршка , како и за информации на теренот. Потребно е вклучување на тимови на Итната медицинска помош и Црвен Крст на жариштата каде е пожарот на Серта. Јорданов истакна дека уште во раните утрински часови сите институции, но и градежни компании и здруженија ќе бидат на терен, за да се прават обрачи околу селата и да се гасне огнот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Херојски е спасен штипскиот пожарникар Александар од…

Штипскиот хуманитарец и пожарникарот Александар Горгиевски вчера…

Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…

(Видео) Ангелов го посети повредениот командир на…

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов го посети…

Осудените за 27 април Чавков, Ченто и…

Од штипскиот Затвор денеска се пуштени на…

Две активни жариша во штипскиот дел на…

Пожарникарите од рано утрово интервенираат на две…