Штип бара поддршка од воздух за гаснење на пожарите

t

Пожарникарите, хеликоптерите, припарниците на АРМ и Полицијата, како и на останатите институции од утринава се на терен за да го гасната пожарот на планината Серта на две критични точки, над селото Драгоево и на ридот Штракалево меѓу селото Драгоево и полигонот Пенуш, информираше денеска командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов по одржаниот координативен состанок во Општина Штип.

-На терен рано од сабајле е излезена војската, од 40 до 60 припадници на Армијата, од ТППЕ –Штип имаме излезено две возила, потоа една цистерна и еден џип. Состојбата се следи бидејќи на полигонот Пенуш е ризично да се дејствува имаме неиспукана муниција. Таму ја следиме состојбата и чекаме поддршка од воздух, вели Ренџов.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, по координативниот состанок со претставници на институциите за пожарите на планината Серта вели дека потребно е дејствување од воздух во штипскиот регион, бидејќи станува збор за непристапен терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбојник нападнал и ограбил девојче во Штип

Во случај забележан во ист ден и…

Ќе ја казни ли некој Општина Штип…

Советникот во Советот на Општина Штип од…

(Видео) Ако не може општината, може Левица:…

Членовите на локалниот огранок на Левица во…

Жена ограбила книжарница во Штип

На 30.05.2025 година во 17.50 часот во…

Приведен возач во Штип: Пијан удрил во…

На 30.05.2025 година во 19.39 часот на…