Штип остана без струја – прекината наставата во училиштата

t

Прекината е редовната настава на втората смена во неколку училишта во Штип, поради проблеми со снабдувањето со струјата.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека поради тоа што има проблеми со снабдувањето на струјата во градот учениците и наставниците се ослободени од настава, бидејќи нема услови истата да се одржува. Јорданов вели дека станува збор за дефект на трафостаницата кај приградските населба Чардаклија.

На телефонскиот број на ЕВН информираат дека без напојување на електрична енергија е Штип и околните села, а екипите работат на терен.

Инаку, граѓаните реагираат на социјалните мрежа и велат дека во одредени реони во своите домови на неколку минути добиваат, па повторно имаат прекин на струјата. Ваквата состојба, како што велат, речиси е цел ден, воедно реагираат дека со ваквите прекини има ризик и да се расипат електричните апарати во домовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штип остана без струја – прекината наставата…

Прекината е редовната настава на втората смена…

Германија планира јавните згради да ги претвори…

Властите во Германија подготвуваат планови за користење…

Мицкоски со критика за новото раководство на…

Новото раководство на СДСМ и мислењето на…

Mладо момче со автомобилот излета на патот…

Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П.,…

Пожар во Адвокатската комора на Македонија: Непознато…

Адвокатската комора на Република Македонија најостро го…