Објавено на:

Штотуку издадено предупредување за снежна бура: Во овие делови на Србија се очекуваат и до 20 сантиметри снег

t

Студот е тука.

Метеоролозите најавија дека доаѓа студено време и падна снег во Србија. Сега Републичкиот хидрометеоролошки завод за денеска издаде ново предупредување за подрачјето на Србија, меѓу другото и поради снежната бура.

„Денеска ќе дува засилен северозападен ветер со налети на невреме (од 17 до 24 м/с, односно од 60 до 85 км/ч) што ќе предизвика виулица и локални наноси од снег во планинските предели. На планините на источна и југоисточна Србија се очекуваат од 10 до 20 сантиметри снег, додека во другите планински делови од земјата ќе има помалку снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе престанат, а ветерот ќе слабее“, велат од РЗМЗ.

Метеорологот Недељко Тодоровиќ изјави дека покрај височините над 500 метри, постои можност некои места во пониските ридско-планински предели како што се: Ужице, Куршумлија, Пријепоље, Врање и Димитровград да добијат бела боја.

„Зимата е пред нас, т.е. првиот чекор, вежбајте за претстојната зима“, нагласува Тодоровиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…

Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…