Што го прави кафето нездраво?

t

Американскиот гастроентеролог Саураб Сети, кој студирал на Харвард, предупреди дека често пиеме кафе „погрешно“ и на тој начин му штетиме на сопствениот организам.

Сети го сподели советот на TikTok каде често предупредува за нашите секојдневни штетни навики и вели дека пиењето кафе не мора да биде штетно, туку дека грешиме со една навика.

„Кафето е апсолутно прекрасно за вашиот мозок, црева и црн дроб“, вели 42-годишниот доктор. Тој објаснува дека полифенолите кои се наоѓаат во кафето можат да поттикнат добри бактерии и да го подобрат фокусот и меморијата.

Тој потоа предупредил: „Додавањето шеќер во кафето го зголемува шеќерот во крвта и го зголемува воспалението, што не е добро. Размислете за други засладувачи. Друга грешка е некористењето органско кафе“.

„Сега кафето е една од најпестицидните култури и навистина не сакате да консумирате пестициди“, истакна тој. Исто така, неговиот трет совет е оној што често ги изненадува неговите пациенти.

Ако страдате од рефлукс на киселина, не се откажувајте од кафето. Наместо тоа, д-р Сети предлага да се префрлите на потемно печено кафе, бидејќи содржи помалку кофеин и затоа е „понежно“ за стомакот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Уапсен маж кој ѝ се заканувал на…

Маж од американската сојузна држава Вирџинија е…

(Видео) Ангелов: Нема населени места загрозени од…

Нема потреба од паника и од вознемиреност…

Ѓоковиќ сака да настапи и на Олимписките…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој ја освои…

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…