Што да направите со првото велигденско јајце од минатата година?
Првото вапцано јајце во домаќинството се нарекува чувар куќа, бидејќи како што самото име говори, ја чува куќата и домашните од болести и секакво зло.
Мајките ги тријат децата со тоа јајце по образите и рамената за да бидат румени и здрави.
Првото црвено јајце се чува до икона, до следниот Велигден. Кога следната година ќе бојадисаме ново јајце, старото се пушта низ река, за водата да го однесе злото, болестите, целата несреќа кое првото јајце цела година ги собирало наместо домашните.
Другин обичаи кажуваат дека првото велигденско јајце од лани, треба да го закопате во земја. Пожелно е во близина да има насадено цвеќе, но не мора.
Она што не треба да го направите е старото црвено јајце полно со негативна енергија да го чувате и понатаму во домот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранскиот парламент гласаше за затворање на Ормутскиот…
Врховниот совет за национална безбедност на Иран…
Пластичен хирург утре ќе ги посети повредените…
Државата има намера да направи нов интерактивен…
Хорор во Драчево: Татко претепал ќерка додека…
Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за…
ВМРО-ДПМНЕ ја претвора Македонија во подрачна единица…
Состојбата кај македонската дипломатија не може да…
300 лекари од Клинички од 1 јули…
Министерот за здравство Азир Алиу денеска најави…