Што да правите на 31 декември за да ви „тргне“ годината?

t

Ова се неколку верувања и обичаи од различни страни во светот, а се поврзани со тоа што да облечете или направите вечерта на 31-ви декември:

Црвената долна облека не се заборава, ако сакате да ве следи среќа во љубовта.

Ако веќе ја имате љубовта на вашиот живот или моментално не ви е приоритет, облечете жолта долна облека. Таа гарантира среќа и просперитет.

Наводно, она што ќе го облечете врз долната облека, исто така игра улога. Ако се облечете гламурозно – така ќе се чувствувате следната година. Ако одберете лежерна варијанта – годината ќе биде опуштена.

Во Бразил, носењето на бела облека вечерта на Нова година симболизира чист и невин старт.

Во Италија на пример, некои луѓе фрлаат стари ситници низ прозорецот, вообичаено некој искршен порцелан, што го симболизира простувањето со старите и бескорисни работи.

Ако сакате да ве следи среќа во текот на следната година, пробајте да ја привлечете како што тоа го прават во Кина – подгответе јадење во леќа. Наводно, таа привлекува просперитет.

И на крајот, пред дочекот на Нова година, исчистете го домот. Ова не е обичај поврзан со некоја страна од светот, туку Фенг Шуи совет. На тој начин ќе се ослободите од непотребните натрупани работи и ќе направите простор за нови и поубави работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народни верувања: Сè што ќе правите денеска,…

На 2 јануари се празнува Свети Игнатиј,…

Напладне продолжува седницата за изборот на новата…

Денеска во 12 часот ќе продолжи седницата…

Пуштена во оптек новата монета од две…

По повод 20-годишнината од еврото и почетокот…

Што да правите на 31 декември за…

Ова се неколку верувања и обичаи од…