Напладне продолжува седницата за изборот на новата влада

t

Денеска во 12 часот ќе продолжи седницата за избор на новата влада. Собранието во саботата напладне ја започна расправата за изборот на новата влада по експозето на мандатарот Димитар Ковачевски, кој рече дека фокусот на владината програма е на граѓаните, економијата и на справување со последиците од пандемијата и енергетската криза.

Ковачевски во експозето додаде дека не се потребни нови избори, а најави зголемување на пензиите и раст на минималната и просечната плата и реформи во образованието.

Во однос на спорот со Бугарија, Ковачевски рече дека разговорите ќе продолжат и ќе бидат интензивирани без да биде загрозен идентитетот на народот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ критикуваше дека станува збор за влада која ќе ги продолжи политиките на досегашниот премиер Зоран Заев и дека не може да понуди нови перспективи и реформи. Педупредија на можно предавство на националните и државини интереси во преговорите со Бугарија. Опозициските пратеници рекоа дека излез од ситуацијата се брзи предвремени парламентарни избори.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во своето излагање рече дека оваа Влада е во тешка „легитимациска криза“. Посочи дека предложената влада не може да наследи легитимет од претходна, бидејќи, како што рече, премиерот и претседател на СДСМ не заминал од функцијата поради нова функција или болест, туку зарди одговорност.

„Се прашувам што мислат граѓаните за учество на Алтернатива во Владата. Исто така, министрите кои беа носители на кандидатските листи ги нема. Се повикувате на НАТО, но ја нема министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која беше персонификација на НАТО, не знам дали е разрешена или е од лични причини“, рече Силјановска.

Пратениците на владејачката СДСМ зборуваа дека политиките на досегашната Влада биле правилни и добри во време на пандемија и еконмска криза.

Пратениците од Алијанса за Албанците критикуваат дека изборот на министри на Ковачевски е многу лош, а дека за нив зборувале бројните афери.

Од ДУИ рекоа дека резултатите на локалните избори бил тест за министрите од оваа партија, за што, според нив, говореле резултатите во нивна корист.

Собранието денес ќе ја продолжи седницата на која се дебатира за новата Влада, а за која пратениците ќе гласаат најдоцна до полноќ.

За избор на владата е потребно просто мнозинство од 61 глас, а доколку биде изгласана владата на Ковачевски, ќе биде единаесеттата од прогласувањето на независноста на државата во 1991 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател…

Претседателот на државата, неговата сила и функција…

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…

ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада –…

Студентите и професорите на ФИНКИ пред Владата…

Ана Брнабиќ избрана за претседател на Народното…

По тридневна расправа за избор на претседател…

Бугарија ќе добие нова Влада: Марија Габриел…

Бугарија ќе добие нова Влада. Идната бугарска…