Што им се случува на децата? Седум тепачки меѓу малолетници во Куманово оваа година!

t

 Седум физички пресметки се случиле на подрачјето на Куманово од почетокот на годинава во кои учествувале малолетници, соопшти денеска СВР Куманово. Претходната година била регистрирана само една.

– Сите овие пријавени настани се реализирани и против сторителите се поднесени соодветни пријави, а со оглед на фактот дека се работи за малолетни лица во постапката при расчистување на случаите се вклучуваат и инспектори по малолетничка деликвенција и семејно насилство, соопштија од СВР Куманово.

СВР Куманово информира дека преку полициските службеници од отсекот за превенција континуирано спроведуваат едукативни предавања со наставници, ученици и родители, укажувајќи за превенцијата од врсничкото насилство, потоа од насилството на социјалните мрежи и начините за рано препознавање и навремено спречување на овие форми на насилство.

Кумановските психолози сметаат дека семејството, а потоа и во образовниот процес мора да работи секојдневно со малолетниците, да им  укаже дека физичкото насилство не е прифатливо. Социјалните мрежи и достапноста на различни содржини негативно влијаат врз развојот на младата личност.

-Сметам дека ние како родители дадовме преголема слобода на децата. Токму поради тоа тие од мали нозе не знаат да како соодветно да се адаптираат кога е во прашање социјалниот живот. Прекумерната достапност на разно-разни содржини со негативна содржина на социјалните медиуми исклучително негативно влијае врз нашата младина. Многу од нас милуваат да го употребуваат терминот „современо живеење“, но таквиот начин на живеење ги прави децата без емоции, изјави психологот Билјана Ивановска.

Во последно време, укажува таа, родителите бараат помош како да развојат емпатија кај малолетниците, кои методи да ги применат.

– Ако ние во семејствата пропагираме љубов,  а за такво нешто се вклучат и сите инволвирани во воспитно-образовниот процес секако дека децата ќе бидат помалку насилни. Значи за да се изгради една личност со позитивни особености важна е соработката помеѓу родителите и училиштата, односно поголема заемна достапност. Исто така општеството и институциите треба да обрнат внимание преку организација на разни едукативни работилници уште од најмала возраст, кога превенцијата за какво било девијантно однесување би имала круцијална улога, изјави Ивановска.

Кумановската јавност бурно реагираше на тепачката која неодамна се случи во едно средно училиште во која учествува ученици.

(MИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановската болница повторно остана без вода

Кумановската болница повторно остана без вода поради…

Утрово избодено едно лице во Куманово

Утрово во 03.30 часот во Куманово, полициски…

(Видео) Идризово како гладијаторска арена: Затвореници се…

Како на гладијаторска битка, во македонските затвори…

(Видео) Пожарникари спасуваа кумановец кој паднал во…

Денеска, од пред зори имаше неколкучасовно, успешно,…