Што се случува?! Вучиќ бара итна седница на Советот за безбедност на ОН за Косово!

t

Добивме наредба од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за постапката за свикување итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Косово. Прашање е денот кога ќе биде поднесено официјалното барање, изјави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија , Петар Петковиќ.


„Србите никому не му нанеле зло, а самиот Курти вели дека на север е мирно, па објасни ми зошто се овие апсења, зошто по последниот дијалог Курти повторно апси Срби“, рече Петковиќ на прес-конференција за последната акција на косовската полиција во која денеска во Косово беа уапсени тројца Срби.


Петковиќ посочи дека на Србија мора конечно да и се каже дали Западот може да го заузда Курти.
„Сите негови потези имаат поддршка од некој кој јавно го повикува на деескалација, а всушност го тапка по рамо. Кој е тој некој наскоро ќе се знае, а претседателот на Србија ќе зборува за тоа на Генералното собрание на ОН. “, додаде Петковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…