Штpaјк на железничарите: Немаат земено плата
Од 7.00 часот утрово патничкиот и товарниот железнички сообраќај е во прекин, поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“. Како што изјави за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, причина за бојкотот е неисплатениот втор дел од декемвриската плата.
Тој се повика на Одлуката од 2 ноември 2021 година, според која, машинскиот и извршниот персонал нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец.
Се повикуваме на оваа Одлука и поради тоа не ги извршуваме работите. Веднаш ќе продолжиме со работа кога ќе ни се исплати вториот дел од декемвриската плата – нагласи Чакаровски.
Тони Димовски, пак, кој исто така е претставник на машинскиот персонал, кусо одговори дека се во тек „разговори и преговори околу барањето“.
Согласно Одлуката од ноември, машинскиот и извршниот персонал во Железници – Транспорт бара и исплата на материјалните трошоци до 10-ти во тековниот месец. Прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше и на почетокот на август, како и во ноември 2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицаец издавал службени тајни од МВР по…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…
МВР информира дека синоќа околу 21 часот…
Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…
Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…