Шукова: Мојата програма содржи брзи решенија и реални мерки за граѓаните
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, во изјава за медиумите истакна дека нејзината програма се издвојува по тоа што нуди реални и веднаш спроведливи решенија за клучните проблеми со кои се соочува главниот град.
„Во програмата предвидуваме краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, затоа што на Скопје му е потребен континуитет и враќање на изгубените функции,“ истакна Шукова.
Таа посочи дека меѓу брзите и реални мерки се бесплатните услуги за чистење оџаци за домаќинствата, со што ќе се намали загадувањето на воздухот.
„Граѓаните денес не добиваат соодветна услуга за она што го плаќаат нема редовно собирање отпад, има проблеми со водоснабдувањето и канализацијата, а пречистителната станица доцни повеќе од две години. Заради неисполнување на обврските, државата веќе 15 месеци плаќа над 100 илјади евра месечно камати кон изведувачите,“ додаде таа.
Шукова нагласи дека целта на нејзината програма е брзо враќање на функционалноста на системите и подобрување на услугите за граѓаните, за тие повторно да добијат ефикасен и современ градски сервис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шукова: Мојата програма содржи брзи решенија и…
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од…
Шукова: Владата мора да помага на сите…
Кандидатката за Градоначалничка на Скопје, Каја Шукова,…
Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат…
Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски да не чекаат…
Д-р Трајановски: Субвенции и финансиска поддршка за…
Еден од приоритетите на Општина Аеродром мора…
Филипче: Се бориме за секој глас, довербата…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју…