Филипче: Се бориме за секој глас, довербата ја враќаме преку кандидати со кредибилитет и резултати
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Канал 5 изјави дека клучна цел на партијата во овие избори е враќање на довербата кај разочараните гласачи, пред сè преку кандидати со реални резултати и кредибилитет.
„Борбата е за секој еден глас. Да ја вратиме довербата на разочараните наши членови, гласачи.“ рече Филипче, додавајќи дека дел од тие гласачи не биле целосно свесни за кого и зошто гласале на претходните избори, под влијание на – како што вели – лажна кампања.
Тој нагласи дека СДСМ на овие избори се фокусирал на квалитет на кандидатите:
„Да имаме добри луѓе, добри кандидати, кредибилни луѓе кои што оставиле некој белег, оставиле резултат зад себе“, потенцираше тој.
Според него, целта не е само изборен резултат, туку долгорочна работа на терен, отворена комуникација со граѓаните и прифаќање на нивните сугестии. Тој посочи дека како партиски лидер во последните година и пол, токму тоа бил пристапот на СДСМ – инклузивност, транспарентност и континуиран дијалог со граѓаните.
Филипче не сакаше да шпекулира со бројки и конкретни очекувања, но повтори дека приоритетот е доверба:
„Јас сум човек кој што не би имал некакви добри, лоши, било какви очекувања. Максимализирам што се однесува до перформансот, работата на терен, контактите со луѓето, па граѓаните нека одлучат“, заклучи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…