Објавено на:

Шукова: Никогаш нема да дозволам партиските интереси да го уништат Скопје

t

Во видео-обраќање по повод 62-годишнината од скопскиот земјотрес, кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, испрати силна порака до скопјани, посочувајќи дека нема да дозволи личните и партиските интереси повторно да го уништат градот.

„Јас, Каја Шукова, денес сакам да ви ветам едно. Никогаш како градоначалничка нема да дозволам личните, партиските и било кои други интереси да го уништат градот“, порача Шукова во своето обраќање, посветено на солидарноста и силата на Скопје.

Таа потсети дека токму љубовта кон градот и заедништвото се вредностите врз кои Скопје беше повторно изградено по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

„Ветувам дека во работата ќе ме водат двете сили кои во 1963 го издигнаа Скопје под рушевините – силата на љубовта кон градот и силата на заедништвото со секој од вас. Скопје ќе биде вратено на скопјани, а моќта на одлучување – во наши раце“, истакна Шукова.

Во пораката упатена до јавноста, таа ја критикуваше актуелната состојба во градот, нагласувајќи дека Скопје изминатите четири години било „силно погодено од неспособност, лични интереси и негрижа“, при што, како што рече, духот на градот секојдневно се рушел и се обезличувал.

„Градот што го преживеа најтешкото, заслужува повеќе. Ние сите заслужуваме повеќе, бидејќи го сакаме овој град. Скопје може подобро и ќе биде подобро. Затоа што Скопје сме сите ние“, заврши Шукова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шукова: Никогаш нема да дозволам партиските интереси…

Во видео-обраќање по повод 62-годишнината од скопскиот…

Шукова: Железница на кеј на Вардар –…

„Идејата за железница покрај кејот на Вардар…

Апасиев: Левица ќе има партиски кандидат за…

Левица ќе има партиски кандидат за градоначалник…

Градоначалникот на Неготино апелира жителите на неколку…

Градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов упати…

Левица го обвини градоначалникот на Ѓорче Петров,…

152.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНА ПЛАТА НЕ ГИ ЗАСИТУВА…