Шукова од Аеродром: Конкретен план за опасниот извор на загадување – Вардариште
Во присуство на претседателот на СДСМ, Венко Филипче и кандидатот за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски, кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, вчера говореше на митинг во општина Аеродром.
Таа посочи дека ова не е уште една политичка вечер, туку обид да се врати смислата на локалната политика, која треба да биде во служба на граѓаните.
Шукова особено се задржа на темата што со години е болка за жителите на Аеродром – депонијата Вардариште. Таа понуди конкретен план за решавање на проблемот со овој опасен извор на загадување, со силен надзор и системско управување со отпадот. Посочи дека ова не е предизборна флоскула, туку животна потреба, затоа што никој повеќе нема право да си игра со здравјето на граѓаните.
Таа говореше и за Скопје како град на потенцијал, а не само на проблеми. Град што може повторно да стане простор на можности, создавање и заедништво. Град што ги инспирира младите да останат, а не да се иселуваат.
Во своето обраќање, Шукова говореше и за довербата кон нејзиниот колега и кандидат за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски, за кого рече дека е човек што знае што значи отчетност и знае како да ја претвори локалната власт во вистинска служба на граѓаните. Таа ги повика граѓаните да го изберат патот на работа, искреност и реална промена.
„Скопје заслужува повеќе. Аеродром заслужува повеќе. Вие заслужувате повеќе“ – заврши Шукова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шукова од Аеродром: Конкретен план за опасниот…
Во присуство на претседателот на СДСМ, Венко…
Ахмети бара од Курти да им се…
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али…
Струмичките пожарникари синоќа изгаснаа голем пожар во…
Четири противпожарни возила и 15 пожарникари го…
Одобрено во целост обвинението за пожарот во…
Судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката ,,Пулс”…
Вработените од Флораком и Луна и денеска…
И денеска вработените од Флораком и Луна…