Вработените од Флораком и Луна и денеска на протест
И денеска вработените од Флораком и Луна продолжија со блокада на бул. Илинден во период од 10 до 12 часот.- известуваат од Сојузот на синдикати на Македонија.
И денес 03.10.2025 годинаДООЕЛ Флораком Скопје и ДООЕЛ Луна Скопје и СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности повтпрно протестираа поради сеуште неосплатената плата за месец Август и немањето на слух за надминување на проблемот од страна на менаџментот на ЈП Паркови и зеленило Скопје како основач на овие две фирми.
Денес врботените од Флораком и Луна повторно го блокирајќи бул. Илинден во Скопје.
Доколку и денес не им се исплати августовската плата поради што вработените останаа и без здравствено осигурување, протестот на вработените од Флораком и Луна ќе продожи со блокада на бул. Илинден во период од 10 до 12 часот се до исплата на платата за месец август.
Вработените размислуваат и за радикализација на протестот со блоќирање на повеќе улици и булевари во град Скопје започнувајќи од понеделник 06.10.2025 година.
Благодарност до вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кои денес искажаа солидарност и се приклучија на протестот на своите колеги од Флораком и Луна.
Се извинуваме на граѓаните на град Скопје за предузвикувањето на дополнителен хаос во сообраќајот и бараме разбирање бидејќи вработените од Флораком и Луна се борат за своето основно човечко и работнично право а тоа правото на плата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народната банка организира превоз за клиентите на…
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…
Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…
Драма на небото над Србија: Воени ловци…
Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…
ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…
Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…
Избувнал пожар во паркирано возило на улицата…
На 6 ноември 2026 година, во 04:30…