Шумахер вода може да му носи: Возач фатен на ноќен радар со брзина од 218 километри на час!
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 384 возачи.
Од нив, 48 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 264 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.
Како што објави полицијата, еден од санкционираните возачи се движел со високи 218 километри на час.
МВР истакнува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонец возел 205 км на час во…
Службениците од државниот оддел за транспорт од…
Возач загинал откако удрил со возило во…
Возач загина синоќа откако со неговото возило…
Ако зборувате на телефон додека возите е…
Дејан Стевиќ, потполковник од Управата на српската…
Како стасал до колата?! Во Илинден фатен…
Во текот на изминатата вечер (08/09.10.2022) Мобилната…
Прегазен пешак во центарот на Скопје, возачот…
Полицијата информира дека синоќа после полноќ пешак…