Објавено на:

Ѓоковиќ не се кае што одбива да се вакцинира

t

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер во историјата, се надева дека оваа година ќе може да игра на УС Опен, бидејќи дотогаш треба да се укине правилото дека невакцинираните странци не можат да влезат во Соединетите Американски Држави.

„Не се каам. Во мојот живот научив дека каењето може само да ве повреди, да ве натера да живеете во минатото, а јас не го сакам тоа. Не сакам ни да живеам премногу во иднина. Сакам што повеќе да бидам во сегашниот момент, но и да размислувам за иднината, да создавам подобра иднина. Секоја чест за Алкараз. Тој апсолутно заслужи да се врати на местото број еден“, рече Новак.

Ѓоковиќ поради забраната за влез во Соединетите Американски Држави ги пропушти Мастерсите во Индијан Велс и Мајами.

„Штета што не можев да играм во Индијан Велс и Мајами, ги сакам тие турнири. Имав многу успех таму, но донесов свесна одлука и знаев дека постои ризик да не одам таму – така е во моментов, се надевам дека ќе се промени нешто подоцна оваа година, за УС Опен. За мене тоа е најважниот турнир на американско тло“, додаде српскиот ас.

Правилото за забрана за влез на невакцинирани странци треба да се укине во мај, а УС Опен започнува на крајот на август.

Извор: gol.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…

Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…