Ѓоковиќ одговори уште колку ќе игра: Сè додека сум на ова ниво!

t

Најголемата српска ѕвезда, Новак Ѓоковиќ, освојувачот на 21 гренслем-трофеј во кариерата нема план уште колку години ќе игра тенис, откако новинарите во Дубаи го прашаа дали и кога размислува евентуално да се пензионира.

Ѓоковиќ е рекордер по број на недели на првото место, за еден гренслем-трофеј е зад Рафаел Надал, а еден пред веќе пензионираниот Роџер Федерер, во вечната дебата кој е најдобриот тенисер на сите времиња. И додека Надал во последниов период се мачи со повредите, пред сè со синдромот на стапалото, Ѓоковиќ нема посериозни проблеми, па најавува дека ќе игра сè додека е на највисоко можно ниво.

„Не замислувам некоја бројка како година за пензија. Засега добро ми оди и не можам да се жалам. Сè додека играм на ова ниво, сè додека во мене има внатрешен оган, ќе продолжам да играм“, рече Ѓоковиќ.

Тој сезонава го освои Вимблдон, но не играше на Австралија опен и УС-опен поради тоа што не е вакциниран, а ги освои Мастерсите во Рим, Тел Авив и Астана, како и завршниот Мастерс во Торино со што се израмни по број на вакви трофеи, шест, со Федерер. Но, годината ја заврши како петти на АТП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…