Ѓоковиќ одговори уште колку ќе игра: Сè додека сум на ова ниво!
Најголемата српска ѕвезда, Новак Ѓоковиќ, освојувачот на 21 гренслем-трофеј во кариерата нема план уште колку години ќе игра тенис, откако новинарите во Дубаи го прашаа дали и кога размислува евентуално да се пензионира.
Ѓоковиќ е рекордер по број на недели на првото место, за еден гренслем-трофеј е зад Рафаел Надал, а еден пред веќе пензионираниот Роџер Федерер, во вечната дебата кој е најдобриот тенисер на сите времиња. И додека Надал во последниов период се мачи со повредите, пред сè со синдромот на стапалото, Ѓоковиќ нема посериозни проблеми, па најавува дека ќе игра сè додека е на највисоко можно ниво.
„Не замислувам некоја бројка како година за пензија. Засега добро ми оди и не можам да се жалам. Сè додека играм на ова ниво, сè додека во мене има внатрешен оган, ќе продолжам да играм“, рече Ѓоковиќ.
Тој сезонава го освои Вимблдон, но не играше на Австралија опен и УС-опен поради тоа што не е вакциниран, а ги освои Мастерсите во Рим, Тел Авив и Астана, како и завршниот Мастерс во Торино со што се израмни по број на вакви трофеи, шест, со Федерер. Но, годината ја заврши како петти на АТП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Скопје ги консолидира финансиите, реализира капитални…
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски го…
Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со активен дијалог,…
Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната…
Захарова: Француските војници во Украина ќе бидат…
Доколку Франција испрати свои војници во Украина,…
Нов ценовен притисок во САД: Увозните цени…
Увозните цени во САД во октомври се…
Трамп: Ќе ја стигнеме Кина во производството…
Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски…